Додик: Блокадата продолжува, „РС-егзит“ е се уште можен

Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик потврди денеска дека блокадата за одлучување во телата на државната власт ќе продолжи се додека не се измени составот на Уставниот суд на БиХ, повторно заканувајќи се со „егзит“ на Република Српска доколку тоа барање не се исполни.
Додик во Источно Сараево свика состанок на сите српски претставници во телата на власт во БиХ, за да им наложи како да работат откако Народното собрание на РС минатата недела донесе заклучок дека треба да го блокира одлучувањето на државно ниво.
Тој пред новинарите истакна дека одлуката се однесува на Претседателството на БиХ, државниот Парламент и Советот на министри.
– Ниту една одлука тука нема да биде усвоена, а што се однесува до другите нивоа на власт останува се редовно, нагласи Додик.
Тој ќе продолжи да учествува на седниците на Претседателството на БиХ, но нема да гласа ниту за една одлука.
Додик најави дека во текот на денешниот ден треба да биде готов предлог новиот закон за Уставниот суд на БиХ, кој во Парламентот заедно ќе го поднесат хрватските и српските партии. Ставот на српските претставници на ниво на БиХ е дека Уставниот суд треба да има шест судии, од кои двајца од Република Српска и четворица од Федерацијата БиХ.
Босанскиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џеферовиќ вчера истакна дека таквиот предлог е „апсолутно неприфатлив“, потврдувајќи дека нема да има поддршка во парламентарната процедура.
Додик денеска повтори дека следен чекор, доколку не се исполнат барањата на РС, би можел да биде отцепување на тој ентитет од БиХ.
Ново на Сител
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
-

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор
-

Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
-

Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
-

Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
-

Хегсет побара од началникот на Генералштабот на американската армија да поднесе оставка
