Додевски: Поднесено барање за укинување на мерката притвор за Кочан
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, и покрај поднесената Ургенција од одбраната, не го достави предметот на осомничениот Сеад Кочан на одлучување до Апелацискиот суд Скопје по жалбата на одбраната против Решението за определување мерка притвор, со што беше оневозможено Апелацискиот суд да донесе одлука по жалбата на одбраната, соопшти вечерва адвокатот на Кочан Никола Додевски.
- Со оглед дека преклузивниот рок во кој Апелацискиот суд беше должен да донесе одлука, истече во 17:20 часот, одбраната веднаш поднесе Барање до Кривичниот совет да донесе решение со кое ќе се стави вон сила Решението за одредување мерка притвор, ќе се укине притворот на осомничениот Сеад Кочан и ќе се прекинат сите дејства преземени од МВР Скопје. Сето ова поради фактот дека Решението не може да произведува правно дејство кога е изминат рокот за донесување одлука по жалбата, а во кој рок предметот не е ниту доставен до Апелацискиот суд, информира Додевски.
Ново на Сител
-
Артета: Навистина уживав во играта на Арсенал против ПСВ
-
Вучиќ: Одговорните за инцидентите во Парламентот треба кривично да одговараат
-
Адвокатите во Србија почнуваат со редовна работа
-
Шокантни пронајдоци за присуство на олово и други токсични материјали во играчките за деца
-
78-годишен велосипедист синоќа загина во сообраќајка во Скопје - Возачот е приведен
-
Трамп: Царините може да донесат „малку вознемиреност“
-
Разрешен од позиција Сашо Дранго кој се сликаше со убиена мечка - „Македонија пат“ доби нов заменик директор
-
Уапсен 19-годишен возач поради сообраќајката на патот Тетово-Гостивар во која загина жена