Живот
24. February 2016 - 12:43

Доделување на „Оскар“ во недела ексклузивно на Сител

ТВ Сител ексклузивно ќе го пренесува 88-то доделување на филмските награди Оскар

од Лос Анџелес, во недела, 28.02.2016. кога членовите на Американската Академија на филмска уметност и наука ќе ги наградат најдобрите филмови во 2015-та.

Оскаровското шоу ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, каде ќе се најдат најголемите ѕвезди во филмската индустрија. Меѓу номинираните се големи актерски имиња: Леонардо Дикаприо, Мет Дејмон, Кејт Бланшет, Џенифер Лоренс, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет, Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Кристијан Бејл, Силвестер Сталоне, Рејчел Мекадамс.

За Оскар за најдобар филм номинирани се:„Мост на шпиони“, „Бруклин“,  “Повратник”,„Побеснетиот Макс“,„Марсовец“, „Соба“, „Обложување на столетието“ и “Spotlight”.

Се очекува ова да биде едно од најблескавите изданија на Оскаровската церемонија на која ќе се појават огромен број филмски и музички ѕвезди како Расел Кроу, Вупи Голдберг, Шарлиз Терон, Морган Фримен, Бенисио Дел Торо, Риз Видерспун, Џулиен Мур, Софија Вергара, Џон Леџенд, Лејди Гага, Д Викенд, Фарел Вилијамс, Сем Смит.

Во Македонија петта година по ред Оскаровското шоу ќе се емитува на Телевизија Сител.

Коментатор на преносот ќе биде Миланка Рашиќ, заедно со Александар Ношпал, костимограф и моден дизајнер, едно од најзначајните имиња на македонската модна сцена.

В недела, 28.02.,  по Дневникот, околу 23:40 ќе започне „Ноќ на Оскарите“.

Прво ќе го проследиме пристигнувањето на ѕвездите, а од 1 часот по полноќ започнува „Одбројување до Оскарите“ со куси интервјуа со номинираните за Оскар и поранешните добитници пред самиот театар Долби.

Во 02:30 започнува 88-то Оскаровско шоу и предвидено е да трае околу 4 часа.