Доделени стипендиите за средношколци со просек до 3,9

Десет стипендии во износ од 100.000 денари за средношколци што ја завршиле минатата учебна година со просек до 3,9 доделија денеска „Џолев и уметностите“ и „Семос едукација“.
Стипендиите, пет од „Џолев и уметностите“ и уште пет од „Семос едукација“, се дел од проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“, чија цел е да ги подигне моралот и самодовербата кај учениците кои не се „одлични“, како и нивните вештини и знаења, а ги добија средношколци од Скопје, Велес, Битола и Куманово.
- Сметаме дека во целната група ученици со просек до 3,9 кои се добри или доволни, има многу талентирани. Токму тоа е нашата идеја, да го потикнеме во нив она што го сакаат и што имаат капацитет да го прават, рече директорот на „Џолев и уметностите“ Крсто Златков, по доделувањето на стипендиите.
И според директорката на „Семос едукација“ Валентина Тасева, во многу од овие деца има талент за нешто што може да биде развиено.
- Ја препознавме важноста на оваа иницијатива зашто веруваме дека секој ученик, секој поединец, има талент кој може да биде дополнително развиен, истакна Тасева.
На повикот за стипендиите кој заврши во понеделникот, 15 февруари, се јавиле вкупно 386 кандидати. Како што нагласија Златков и Тасева, воопшто не било лесно да се направи селекцијата и да се одлучи - кој да добие стипендија. Мотивациските писма покажале дека средношколците имаат голема амбиција и дека веќе изградиле слика за себе и за својата иднина.
„Џолев и уметностите“ доделија стипендии за цртање, фотографија, глума и психологија, додека „Семос“ за дигитална писменост во различни области. Стипендистите на „Семос едукација“ ќе учат по официјалната програма и ќе добијат официјални дипломи.
Проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“ ќе продолжи, а иницијаторите очекуваат поддршка и од други тренинг центри за бројот на стипендии да порасне.
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
