Доделени првите грантови за самовработување на лица со инвалидност

На 30 лица со инвалидност денеска им беа доделени грантови од по 5.000 евра за почнување сопствен бизнис. Според проектот на Владата се очекува до средината на месец јуни и останатите 70 лица кои се влезени во процесот на квалификации и имаат добри бизнис планови да ги добијат неповратните средства.
Договорите за првите грантови за самовработување за лицата со инвалидност денеска им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
- Секој човек има свои способности, свои знаења и свои умеења. Така и лицата со инвалидност имаат свои способности и вештини. Со овој грант за самовработување ние ја поттикнуваме нивната креативност им помагаме да го реализираат својот сон, да се самовработат да формираат свој сопствен бизнис и да имаат редовни средства за своја лична егзистенција. Верувам дека овие средства ќе ви помогнат во реализација на вашата замисла на вашата идеја. Ви честитам за борбеноста во животот и ви честитам за храброста да започнете да работите сопствен бизнис, да ја реализирате својата идеја и да се самовработите, рече на доделувањето на договорите Спасов.
По отворањето сопствен бизнис лицата со инвалидност ќе можат да вработуваат и нови лица, а со неповратните средства од 5.000 евра ќе можат да набават опрема и репроматеријали.
- Грант од 5000 евра ќе добие секое лице со инвалидност кој што го има поминато процесот на неколку месечна обука и изработка на бизнис план. Сите оние кои што имаат потреба од дополнително вработување ќе добијат по дополнителни 92 илјади денари за секое новоотворено работно место, до две новоотворени работни места. Грантот може да се движи во вкупен износ од 480.000 денари што е солидна сума за да се започне со реализација на било која бизнис идеја, за формирање на мала компанија или мал бизнис, рече министерот за труд и социјална политика Спасов.
За реализација на овој проект, појасни тој, Владата на Република Македонија има обезбедено 50 милиони денари за финансирање на 100 нови компании за 100 лица со инвалидност и за финансирање на околу 200 нови работни места. За 2016 година, како што рече, со овој проект се очекува да бидат отворени нови 300 работни места во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
