Доделени признанија на просветни работници за учебната 2017/2018 година
Здружението на просветни работници на Град Скопје вчера ги прогласи просветните работници за учебната 2017/2018 година.
Комисијата за избор на Просветен работник на Град Скопје за учебната 2017/2018 година одлучи признание за просветен работник од предучилишно образование и воспитание да и биде врачено на Билјана Брауновиќ воспитувач во ЈУДГ „Весели цветови“-Скопје, а за просветен работник од основно образование, одделенска настава на Марија Матеева, професор по одделенска настава во ООУ„Лазо Ангеловски “ -Скопје.
За просветен работник од основно образование, предметна настава признание и беше врачено на Аида Петровска, наставник по физика во ООУ „Димитар Миладинов“ -Скопје, за просветен работник од средно образование на Снежана Пеловска, професор по биологија во СУГС Гимн. „Раде Јовчевски – Корчагин “ -Скопје, а за стручен соработник Милка Тримчевска, стручен соработник-библиотекар во ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ - Скопје.
Согласно статутот на Здружението, секоја година се прогласува просветен работник на годината на Град Скопје од предучилишно образование, од основно образовие и тоа од одделенска и предметна настава, како и од редот на стручните соработници и просветен работник од средно образование. Оваа значајна активност, Здружението ја реализира секоја учебна година во пресрет на 24 мај.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД