Доделени новогодишни пакетчиња од општина Крива Паланка
Над триста дечиња од трите клона на детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка, корисниците на Дневниот центар од општината, дечиња од ранливи категории денеска добија новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски, во придружба на Дедо Мраз ги посети најпрвин најмалите жители на општината, во градинката и им посака среќна Нова година.
- Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители на градот е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро. Посакувам секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби, рече Мицевски.
Пакетчиња традиционално беа доделени и на корисниците од Дневениот центар за лица со попреченост, на дечињата од Ромска националност кои членуваат во згрижувачкиот објект за дневен престој изграден со германска донација, а попладне пакетчиња ќе им бидат доделени и на децата од социјално ранливи групи, приматели на социјална парична и друг вид помош.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци