Доделeна државната награда „11 Октомври“ во Собранието
По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“.
Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов. Во областа на културата и уметноста наградата беше доделена на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махим Несими.
На конкурсот се пријавија околу 30-тина творци од сите области на живеењето, посочи Атанас Костовски, член на одборот.
– Треба сите да си ја вршиме работата како што треба, навреме. Само така ќе се заблагодариме и ќе и се оддолжиме на нераспролетената македонска младост која на овој ден пред 80 години силно извика да се чуе и во Берлин, Рим и во Софија „Смрт на фашизмот, слобода на народот, изјави Костовски.
Тој додаде дека со таа изјава е вграден животот во темелите на денешната современа и независна држава.
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ е составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Оваа година конкурсот за пријавување траеше од 6 до 31 август.
Наградата се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1595 година.
Ново на Сител
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија
-
Матичните лекари реагираат за најавените казни за пречекорувања при давањето терапија на пациентите