Познато е дека во претходните несреќи први страдаа животните. Седиштата од автобусот тој ги извадил, за да има повеќе места за животните. На него пишуваше „Кризно засолниште за животни“, но можел да напише и „Ноева арка“ исто така.
Во текот на минатата недела, Тони во својот автобус собрал 53 кучиња и 11 мачки од Јужна Каролина.
Алсап инаку, спасувал напуштени животни уште од минатата година кога Тексас беше опустошен од ураганот Харви.
Минатата недела, неговото возило било пренатрупано со животно од подот до плафонот. Тука имало и храна, чинија со вода и други работи.
„Тоа е точно. Тони доје во 4 наутро да ги собере животните од нашето засолниште, тоа не беше најконвенционална евакуација, но е направена од срце“, рече еден жител.