Додека Кина го слави националниот празник, во Хонг Конг насилни антивладини протести
Во Пекинг со спектакуларна воена парада се одбележа 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина. Поводот кинеската армија го искористи да се пофали со своето оружје ,меѓу кое и нови хиперсонични беспилотни летала и интерконтинентални балистички ракети. Шефот на државата изјави дека никој не може „да го запре напредокот на кинеската нација“.
-Нема сила што може да го разниша статусот на оваа голема нација. Ниту една сила не може да ги спречи кинескиот народ и кинеската нација да напредуваат, порача Си Џинпинг,претседател на Кина.
Странски државници не беа поканети на парадата која се одржа на плоштадот Тјенанмен. И додека во Пекинг се празнува во Хонг Конг може да се видат поинакви слики. Насилните антивладини протести продолжија и денеска .Најмалку 15 демонстранти се повредени во судирите со полицијата.
-
Емилија Штејров
Сите содржини од овој новинар