Бизнис
24. October 2018 - 19:42

Доцни испораката на дрва

Грејната сезона почна пред  10 тина, а дел од граѓаните  сеуште го немаат добиено огревното дрво.

Од Македонски шуми уверуваат дека за десетина дена ќе им биде испорачано. Со тоа целосно  ќе биде  завршена  доставата до сите домаќинства  кои го порачале за оваа грејна сезона. Најмногу нарачки има во Скопје. Во метрополата  околу 100 илјади граѓани го користат за загревање.

Како и секоја година така и оваа на неколку локации бесправно се сечело и собирало огревно дрво. За справување со овој проблем мобилни екипи на претријатието се постојано на терен.

Повикот за пријавување за огревно дрво  беше објавен лани во декември и траеше до 31 март. Во овој период сите кои го користат имаа обврска да поднесат барање.

Според статистиката во Македонија над 200 илјади домаќинства се грејат на дрва.