Добротворна трка за луѓето кои живеат со ХИВ
Добротворна трка на пет километри се одржа денеска на Кејот на Вардар во Скопје, а собраните средства ќе бидат наменети за луѓето кои живеат со ХИВ.
На трката која ја организира Здржението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ - „Заедно посилни“ учествуваа 40-тина граѓани. Котизацијата за трката беше 300 денари.
На трката учествуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој го подели првото место со Димитри Михаилов Миовски. Тие истрчаа време од 22 минути и 10 секунди.
Второ место го освои Блаже Цоневски, а третото Златко Костовски. За освоените први три места учесниците добија парични награди кои ги донираа.
- Дојдовме тука да се дружиме и да придонесеме за помош на лицата кои живеат со ХИВ. Се надевавме на поголем број учесници, но околните балкански маратони се секогаш поголем предизвик и голем дел од учесниците кои денеска требаше да учествуваат на оваа трка се заминати таму и се натпреваруваат. Тие даваат безрезервна помош на ваквите настани. Ние како тркачи сме хуманитарци и гледаме да помогнеме каде можеме и да промовираме здрави навики и висока општествена свест за болестите, додаде Михаилов Миовски.
Извршниот директор на Здржението, Андреј Сених изјави дека трката ја организираат за подигнување на јавната свест за ХИВ, за заштитата од ХИВ, употребата на заштита, но и за поддршка на луѓето кои живеат со вирусот.
- Средствата кои се собрани ќе бидат наменети за поддршка на луѓе со ХИВ кои живеат во социјално неповолни услови. Најчесто таа поддршка значи покривање на патни трошоци за доаѓање на редовна контрола, подигнување на терапија за луѓе кои живеат надвор од Скопје и скромна помош на месечна основа во вид на основни прехранбени и хигиенски производи, додаде Сених.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање