Добра соработка на граничните полиции на Македонија и Албанија

Граничните полиции на Македонија и Албанија имаат воспоставено добра соработка која се состои во заеднички средби, договарања, размена на информации, искуства со цел елиминирање на сите негативни појави.
Како резултат на тоа на граничниот појас меѓу двете земји, речиси се целосно елиминирани некогашните појави на недозволена трговија од секаков вид, илегалните преминувања и слично.
- Добрата соработка и меѓусебно разбирање, секако значи многу и при случаи од хуманитарен карактер, кога се овозможува лица од областа Голо Брдо, на кои им е потребна итна лекарска помош, да се транспортираат во Дебар. Еден од многуте случаи со хуманитарен карактер е и вчерашниот, кога, преку преминот Џепиште-Требиште, во Општата болница во Дебар беше донесено повреденото лице во тешката сообраќајна несреќа, што се случи во селото Требиште, оценува Џелал Љата, началник на граничната полиција, Регионален центар-Запад.
Љата ја нагласува заложбата на двете страни соработката да се унапредува што, секако е во интерес на граѓаните на двете земји и безбедноста на границата.
Инаку, сообраќајната несреќа се случи вчера попладне на влезот во селото Требиште, област Голо Брдо, кога возачот изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и паднало во бездна.
На самото место загинаа три лица, брат, сестра и нивен братучед, додека едно лице беше тешко повредено. Дваесет и едногодишно момче, кое се здобило со тешки повреди, најпрво било донесено во Општата болница во Дебар, каде по укажата медицинска помош било префрлено на понатамошно лекување во болницата во Пешкопеја.
Според последните информации кои ги пренесуваат албански медиуми, момчето е вон животна опасност.
Ново на Сител
-

Обвинителките Ленче Ристовска и Анита Тополова-Исајловска поднесоа кандидатури за републички јавен обвинител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
