„Добивате болести затоа што ги јадете овие две намирници“ - германски нобеловец ја откри вистината
Добитникот на Нобеловата награда во областа физиологија - Германецот Харалд цур Хаузен - предупреди дека слабо издвоен вирус, кој се среќава кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето.
„Сметам дека домашните животни можат да бодат директни предизикувачи на рак на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои одат во прилог на оваа хипотеза, меѓутоа, допрва треба да се потврди.“
Други научници и претходно предупредуваа дека употребата на т.н. црвени меса (говедско, телешко, коњско, овчо и свинско) го зголемуваат ризикот за добивање колоректален рак. Но, Хаузен тврди дека опасноста доаѓа само од говедското месо и од - колку и да изгледа неверојатно - од млекото.
„Традиционалното објаснување поврзано е со подготовката на месото за јадење на скара, па оттаму се изведувани тврдењата дека тоа доведува до формирање канцерогени. Оваа теза губи од вид дека исти такви канцерогени се образуваат и при пржењето на риба и пилешко, а никој не мисли дека консумацијата на риба и живина го зголемува ризикот од добивање рак на дебело црево“, нагласува Хаузен.
Тој открива дека во своите истражувања посебно внимание му посветил на фактот дека во Монголија се јаде многу црвено месо, а дека рак на дебело црево се среќава многу ретко, како и во Индија, каде што од верски побуди ретко или воопшто не се јаде говедско месо.
Тој укажува дека нагло се зголемило нивото на колоректални заболувања од рак по Втората светска војна. Уверен е дека тоа е најдиректно поврзано со тоа што во тие земји станал популарен увозот на говедско.
Германскиот научник додава дека во тие две азиски земји многу поретко се среќава рак на млечните жлезди, затоа што во нив минимално се користат во исхраната кравјото млеко и млечните производи.
Во последниот број на научното списание Меѓународен магазин за канцер Хаузен објави дека проучувал примероци оф крв и млеко од крави и дека во нив открил „елементи на ДНК кои можат да припаѓаат на непознат вирус кој би можел да биде предизвикувач на рак“.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип