-->
-->
Доаѓа Мурињо, заминува Гигз
-->
Живата легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, по 29 години најверојатно ќе го напушти клубот. Јунајтед на Велшанецот, кој минатата сезона му беше асистент на Ван Гал, му понудил да го води младинскиот тим, но Гигс ја одбил понудата.
Англиските медиуми шпекулираат дека новиот менаџер Жозе Мурињо нема намера да го прифати Гигс како свој асистент, односно дека во Јунајтед наскоро ќе пристигнат и неговите долгогодишни соработници Руи Фарија и Силвињо Лоура.
Гигс во Манчестер Јунајтед е од 1987 година, со клубот како играч освоил 13 титули во Премиерлигата и две во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци