До среда ќе се знае колку пари ќе чини кампањата за референдумот
До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата.
Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.
Од Министерството за одбрана веќе излегоа со информација дека ќе одвојат нешто помалку од 60 милиони денари за кампањата.
- Министерството за одбрана е едно од тие кои најмногу треба да биде заинтересирано за нашиот стратешки приоритет и од нашиот сектор за финансии испративме информација дека на располагање ставаме нешто помалку од 60 милиони денари, кои беа планирани за слични активности, но кои сметаме дека е подобро да ги искористи Собранието, а не ние поединечно, изјави во саботата министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека во среда на владина седница официјално ќе биде одредена сумата за кампањата.
Другите министерства досега јавно не излегоа со информација колку пари ќе пренаменат за кампањата за референдумот.
Одлуката за кампања за претстојниот референдум беше донесена на последната владина седница. Од Владата најавија дека кампањата ќе биде информативна со цел да се споделат информации од јавен интерес околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња