-->
-->
До смрт претепан 48-годишен кичевчанец
-->
На 20.03.2022, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени.
Тие се сомничат дека на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал. Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел.
Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
-
Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници
-
Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов
-
По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот
-
Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка
-
САД ветија дека ќе ја заштитат територијата на НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија
-
Сончево и топло, од утре дожд