До петок многу топло, викендот не очекува промена

Под влијание на многу топла воздушна маса времето до петок ќе биде претежно стабилно и многу топло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
- Според прогнозираните температури, во наредните денови целава земја ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец. Во сабота максималната температура во интервал од 32 до 39, а во недела од 28 до 34 степени, информира УХМР.
Максималната температура денес е во интервал од 34 до 41 степен.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
