Македонија
9. September 2015 - 13:07

До крајот на месецов нов повик на Фондот за иновации за кофинасирани грантови

Фондот за иновации и технолошки развој до крајот на месецов ќе го објави вториот повик за кофинансирани грантови за старт ап и спин оф претпријатија на кој ќе бидат доделени околу 1,78 милони евра, најави денеска директорката Јасмина Поповска.

- За разлика од првиот повик ќе имаме и новини. За старт ап прептријатијата останува условот претпријатието да е најмногу до шест години старо, но кај  другите веќе нема ограничување. Значајно е да има микро, мало или средно прептријатие кое аплицира, изјави Поповска пред почетокот на Обуката за анализа на ризици, пазарен потенцијал, финасиска проекција и заштита на права од интелектуална сопственост што денеска се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Обуката, како што рече, треба да помогне да се изградат капацитетите на целната група за вториот повик, а тоа се претставници на микро, мали и средни претпријатија, универзитетите и студентите  кои имаат иновативни идеи и добри предлог преоекти за полесно аплицирање за следниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој.

- Идејата е да им помогнеме како да подготват подобри предлог проекти особено во деловите на кои во првиот повик, што беше објавен во февруари годинава, забележавме дека имаат проблем апликантите во пополнување на проектната апликација. Токму затоа на денешната обука посветуваме посебно внимание на четирите теми што беа посебно проблематични за апликантите, рече Поповска.

Како особено проблематични за апликантите во првиот повик ги посочи анализата на ризици, како да се презентира пазарниот потенцијал, финансиската  проекција и како да се регулираат правата од интелектуална сопственост кога се работи за повеќе сопственици или корисници на правата.

- Затоа денеска го поканивме Питер Моѓуроши, предавач од Унгарија со огромно искуство во иновациски менаџмент кој е и оперативен советник на Фондот за иновации. Се надевам дека неговото предавање ќе биде корисно за претпријатијата кои се наша целна група за следниот повик. На денешното советување во Скопје се пријавени педесетина лица, а ќе имаме обуки и во Охрид и Битола утре и задутре, нагласи Поповска.

Меѓуроши прецизира дека на денешната обука покрај за четирите забелешки што произлегоа од аплицирањето за првиот повик ќе се осврнат и на бизнис моделот, кој, како што посочи, исто така е дел од апликациската форма.

- Ќе се обидема да покажеме како да се разбере бизнис моделот за да се направат пари, бидејќи иновацискиот процес завршува на пазарот каде мора да се знае како да се прочита пазарот и како да се направат пари од иновациската програма, посочи Моѓуроши.