До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието
До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи).
Министерството за образование и наука повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно-образовниот процес“.
Станува збор за целосно нови предлог-закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.
Предлог-решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.
-Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем, наведува МОН во повикот објавен на неговата веб-страница.
Сугестии и предлози за надополнување односно измена на законските решенија може да се доставуваат до крајот на месецов на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка