Македонија
30. September 2018 - 10:05

До 9 часот во Ресен излезеност од 4,1 отсто

Во општина Ресен до 9 часот референдумското право го оствариле 679 гласачи од 16.760 регистрирани во Избирачкиот список.

Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански прецизира дека се работи за 4,1 отсто од вкупниот број гласачи во општината.

Според него, гласањето тече нормално, без никакви проблеми на сите 50 избирачки места.