До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО

Во врска со синоќешното уништување на македонското знаме во централното градско подрачје, од Обвинителството информираа дека е поведена постапка против три полнолетни лица за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, а против друго малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.
„Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност“, стои во соопшението.
Палењето на државното знаме е тешко кривично дело во повеќето земји, како и во Македонија. Според Кривичниот законик на Македонија, за вакво кривично дело е предвидена затворска казна од пет години.
Ваквите дела се сметаат за напад на државата и нејзиниот суверенитет и затворската казна од пет години е јасна порака за тежината на ваквите постапки и намерата на правниот систем соодветно да ги санкционира.
Ново на Сител
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
