До 200 луѓе дневно поднесуваат обнова на документите за додатокот на трето дете
Пред објектот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа деновите се забележителни големи редици на граѓаните кои поднесуваат документи за добивање родителски додаток за трето дете. Од Центарот посочуваат дека нема промени во начинот на аплицирање или роковите и дека карактеристично е во јануари поголем број од родителите да сакаат да поднесат да ја завршат процедурата за обнова на документи.
-Ова право родителски додаток за трето дете е од 2009 година и секоја година од 1 јанаури до 31 март корисниците што остваруваат право од овој вид се должни да извршат обнова на документи. Во однос на минатите години нема некоја посебна разлика. Карактертистично е за јануари дека се најголемите гужвите. Инаку, центарот има околу 3500 корисници на ова право. Дневно процесираме околу 150 до 200 барања. За таа потреба е направена една посебна организација во центарот или реорганизација повеќе шалтерски места со околу 11 такви места каде поминуваат корисници за ова право, изјави раководителот на Центарот, Дарко Обадиќ.
Според раководителот бројаката од околу 3500 решенија не се менува многу затоа што има и нови родители кои добиваат ваков додаток, а има и такви кои завршиле со можноста 10 години да добиваат ваква државна помош.
– Би сакал да напонеме дека во сабота ќе има дежурни служби од 9 до 14 часот се со цел побрзо процесирање на оваа постапка. Очекувам оваа недела бројот од 2000 поднесени барања и примени да бидат процесирани и да бидат завршени. Гужвите се најголеми во јануари, а потоа има помалку. Рокот е до 31 март за обнова на документи. Согласно новиот закон за социјална заштита, материјална основа е еден од условите за остварување на ова право, вели Обадиќ.
Од центарот апелираат граѓаните да ги носат потребните документи и лична идентификација за да не доаѓа до ситуација кога мора да бидат вратени поради нецелосна документација. Потребни се решение од суд дека не е одземено родителско право, ако детето се уште не оди на училиште да има копија од здравствена книшка кај што се евидентирани вакцините, ако оди во училиште потврда дека е редовен ученик.
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб