-->
-->
До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249
-->

Гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор за Повторните локални избори се одвива без проблеми и на секој гласач му е овозможено непречано да го оствари своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според податоците пристигнати до ДИК до 15.30 часот, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 44 лица.
Од вкупно пријавени 249 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа, до 15.30 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово и Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
