До 13:30 часот до ДИК нема поднесени нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите на изборите
До 19 и 30 часот вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори. До 13:30 часот денеска нема поднесено други приговори така што бројката на приговори е иста како до синоќа-82.
Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, изјави дека до 13:30 часот денеска ниту еден подносител на кандидатска листа не поднел приговори за сумирање и утврдување на резултатите од изборите. За 82-та приговори кои се пристигнати до синоќа, а и за оние што треба да пристигнат денеска, ДИК на седница треба да расправа во рок од 72 часа од нивното поднесување.
Најголем број од поднесените 82 приговори одосно 74 се од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.
Во 21 часот синоќа истече рокот за поднесување приговори за постапката на гласање.
Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.
По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
