До 13 часот излезеноста во Амбасадата на РСМ во Белград околу 30 проценти
Вкупно 60 македонски државјани во Србија денеска од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на земјава. До 13 часот излезеноста е околу 30 проценти. Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвора гласачкото место, јави дописникот на МИА.
-Гласањето почна на време и тече без проблеми. Излезеноста до 13 часот е околу 30 отсто, изјави в.д. амбасадорот Александар Поповски и претседател на Избирачкиот одбор на избирачкото место 5025 во Амбасадата на РСМ во Белград.
Македонските државјани во Србија втор пат гласаат на претседателските избори. Пред пет години во Белград гласаа 241 граѓанин.
Македонските државјани на гласањето се со позитивни очекувања од претседателските избори.
– Јас пред еден месец се пријавив тука и денека своето граѓанско право го завршив. Му посакувам успех на победникот и се надевам дека одиме кон подобро, изјави Шерифовски.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница