Дневните температури над 40 степени, Владата со препораки за топлото време
Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура.
- До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
За денеска се очекува минималната температура да биде во интервал од 12 до 21, а максималната да достигне од 35 до 41 степен.
Во Скопје слично време со минимална температура до 21 и максимална до 41 степен.
Поради топлото време, Владата вчера излезе со препораки за заштита од топлото време. На работодавачите им се препорачува од денеска до сабота да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, а се овозможува и работа од далечина и флексибилно и двократно работно време онаму каде што е изводливо.
Исто така се препорачува да се одложи работниот процес во периодот од 11 до 17 часот за оние работници кои се изложени на директна топлина.
Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.
МИА
Ново на Сител
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот
-
Меџити влегува во изборна трка за Чаир – ДУИ бара преизборен ветинг
-
ССМ на утрешната седница на ЕСС ќе бара 500 евра минимална плата – Премиерот изјави дека платите ќе растат
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“