Балкан
29. August 2016 - 15:00

Дневни аваз: ММФ ќе и одобри на БиХ заем од 550 милиони евра

Се очекува Меѓународниот монетарен фонд да одобри нов заем од 550 милиони евра за Босна и Херцеговина во почетокот на септември, објави Дневни аваз.

Официјалната одлука се очекува да биде донесена на седница на Извршниот совет на ММФ во Вашингтон на 7 септември.

Два третини од заемот ќе искористи Федерацијата БиХ и една третина за Република Српска. Заемот ќе биде искористен за стабилизирање на финансискиот сектор со цел извршување на неопходните реформи.