Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 6.211.653 лица. Од нив починале 372.160, а оздравеле 2.771.603.
– Првиот лек во Русија против Ковид-19 – „Авифавир“, произведен од Рускиот фонд за директни инвестиции и Центарот за високи технологии „ХимРар“ – доби одобрение од Министерството за здравство. Трговското име на лекот е „Авифавир“ . Меѓународното не-комерцијално или групно или хемиско име е „Фавипивавир“, се вели во регистарот.
– Министерството за здравство на Грција денеска соопшти два нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата заразени се 2.917 лица.
– Албанското министертво за здравство и социјална заштита информираше дека во последното деноноќие направени се 225 тестови,при што позитивни на Ковид-19 се 15 лица,од нив двајца здравствени работници. До сега направени се вкупно 16.175 тестирања а позитивни на болеста се вкупно 1.136 лица. Излекувани се 872, активни на болеста се 232 лица, од нив 31 се лекуваат болнички,од кои четворица се на интензивна терапија а еден е на респираторна машина. Министертвото објаснува и околу смртта на 82-годишна жена,која починала во болницата „Шефќет Нроќи“ а боледувала од пулмоларна фиброза, дијабет и ХТА. И покрај напорите на лекарите, неколку часа откако била хоспитализирана, починала. На тестот направен посмртно било потврдено дека била зазарена и од коронавирус. Но, таа не е вброена во починатите од Ковид-19,чиј број останува на 33.
– Во Перу се потврдени 7.386 случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 155.671. Во тој период починале 141 лице, така што вкупниот број на смртни случаи во таа земја сега е 4.371. Перу е втора по број на заразени земја во Јужна Америка, само Бразил да повеќе инфекции.
– Носењето заштитни маски на отворено од денеска во Федерацијата на Босна и Херцеговина не е задолжително, под услов да може да се одржи растојание од два метра. Носењето заштитни маски во затворен јавен простор е се уште задолжително, како и на отворен јавен простор, доколку не е можно да се одржи физичко растојание од два метра меѓу лицата. Од денеска, стапува во сила дозволено јавно собирање на луѓе за максимум 100 лица во затворено и за не повеќе од 300 лица на отворено.
– Во Кина беа потврдени два нови случаја на коронавирус во последните 24 часа, додека претходниот ден имаше четири. Во соопштението се додава дека и двата случаја се регистрирани во провинцијата Сандонг, а истите биле увезени. Потврдени се и три нови асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика во Кина. Вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во Кина е 80.001, а починале 4.634 лица.
– Прв смртен случај од коронавирус беше регистрирана денес во Руанда, соопшти Министерството за здравство. Починатиот (65) се вратил од соседна земја каде живеел откако се разболел. Починал од тешки респираторни компликации за време на третманот во болница. Досега во Руанда се регистрирани околу 360 случаи на заразени.
– Бројот на потврдени случаи на заразени во Германија е зголемен денеска за 286, така што вкупниот број заразени сега е 181.482, соопшти Институтот Роберт Кох. Единаесет лица починаа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 8.500.
– Бројот на активни заразени во Австрија се намали на 377, за 29 помалку од вчера. Во исто време, бројот на хоспитализирани се намали под 100, а во моментов има 97 пациенти во болници, од кои 27 се на интензивна нега. Во изминатите 24 часа, бројот на пациенти во интензивна нега е зголемен за четири. Бројот на смртни случаи остана непроменет неколку дена на 668. Вкупно 16.637 луѓе се заразени со коронавирусот од избувнувањето на епидемијата во Австрија, што е за 36 повеќе од вчера. Во исто време, излекѕвани се 15.593, за 73 повеќе од вчера.
– Прв локален случај на коронавирус е регистриран во Хонг Конг од 14 мај. Се наведува дека 34-годишна жена е на респиратор во одделот за интензивна нега во болница во Шан Тин. Бројни увезени случаи на коронавирус се пријавени во Хонг Конг од 14 мај, претежно на патници кои се враќале од Пакистан. Досега, вкупно 1.082 случаи на коронавирус и четири смртни случаи се пријавени во Хонг Конг.
Ново на Сител
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
-

Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка
-

Свекор нападнал снаа со остар предмет во Кавадарци
-

Татко и син од Демир Капија измамени за 14.700 денари откако аплицирале за работа во странство
-

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
-

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции
-

Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин
-

15-годишник со Голф направил тешка сообраќајка во Кондово, повредени шест лица меѓу кои 2-годишно девојче
