Свет
19. October 2020 - 20:14

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 40.462.338. Од последици од Ковид-19 починале 1.120.715 пациенти, а оздравеле 30.232.844 луѓе.

– Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, каде во последното деноноќие регистриран е нов негативен рекорд на новозаразени. Од тестраните 1.413 сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 295 што е 21 отсто од тестраните. Со последно дијагностицираните, вкупниот број изнесува 17.350 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 96 лица или 10.167,додека починаа три лица односно 454 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 6.729 активни 259 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.

– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна до 656, откако три пациенти кај кои бил откриен новиот коронавирус починаа во последните 24 часа. Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 118 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.009.Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 50 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.716 лица. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.637 активни носители на вирусот. -Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 145 новозаразени со вирусот  и четири смртни случаи. Најголем дел новозаразени се од Подгорица – 65. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот е 231 од почетокот на јуни, а 240 од почетокот на годината.

– Во Австрија, во последните 24 часа се регистрирани 1.121 нов случај на инфекција со коронавирус, а во истиот период бројот на смртни случаи се зголеми за 11.Австрија подолго време има бројки над 1.000, па дури и 1.500, а помалку се тестира за време на викендите. Во текот на изминатите 24 часа биле тестирани 14.550 лица, што е за 3.292 помалку од претходниот ден, и скоро 10.000 помалку од работните денови.

– Во Словачка беа потврдени 860 нови случаи на коронавирус, но во споредба со претходниот ден беа извршени двојно помалку тестови. Во последните 24 часа починаа четири лица, вкупно 92 од почетокот на пандемијата.На болничко лекување има 532 лица , од кои 21 лице е на оддел за интензивна нега, а 51 е на респиратори. Од почетокот на пандемијата, 30.695 лица биле заразени со вирусот, а 622.032 биле тестирани.