Свет
23. July 2020 - 19:16

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 15.497.306 лица. Од нив починале 632.638, а оздравеле 9.428.110 луѓе.

Москва – Во Русија се потврдени 5.848 нови случаи на коронавирус, така што вкупниот број заразени лица во државата достигна 795.038, соопшти денеска кризниот центар. Уште 147 пациенти починале, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 12.892

Будимпешта- Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Унгарија се зголеми за 14, на 4.380, објавен е утрово на владината веб-страница coronavirus.gov.hu. Нема нови смртни случаи, досега се 596, а оздравеле се 3.300 луѓе. Во Унгарија во моментов има 484 активни случаи на заразени со новиот коронавирус, а хоспитализирани се 76 лица, од кои четворица се на респиратори.

Киев- Трендот на зголемување на бројот на заразени во Украина продолжува, а во последните 24 часа се регистрирани уште 856 случаи, соопштија здравствените власти. Еден ден претходно, регистрирани беа 829 заразени лица. Починаа уште 17 пациенти, а 828 пациенти се закрепнале. Повеќето случаи на коронавирус се потврдени во Киев, а 61.851 луѓе се заразени во Украина од почетокот на епидемијата.

Софија- Во Бугарија денеска се регистрирани 330 нови случаи на коронавирус, од 6.183 лица тестирани, а седум лица починаа. Од почетокот на епидемијата, заразени се 9.584 лица, а во моментов има 4.620 активни случаи. Во болници има 642 пациенти, од кои 24 се на интензивна нега. Заразени се 202 лекари, 208 медицински сестри и стотина вработени во здравствени установи.

Пекинг – Во Кина се потврдени уште 22 случаи на коронавирус, што е повеќе од претходниот ден, кога имало 14 од нив, соопшти денеска здравствената комисија. Од новите заразени, 18 се во западната провинција Ксинџијанг, а останатите три се увезени случаи. Регистрирани се 31 асимптоматски пациенти, а имало 22 претходниот ден. Во Кина се потврдени 83.729 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата и 4.634 смртни случаи.

Вашингтон – Втор ден по ред, повеќе од 1.100 луѓе починаа од коронавирус во САД, а рекордно зголемување на бројот на жртви на дневна основа е регистрирано во Алабама, Калифорнија, Невада и Тексас. По привремен пад на бројот на заразени, 23 американски држави повторно бележат зголемен број жртви. Вкупниот број на заразени во САД надмина четири милиони. Во средата, најголем број смртни случаи имаше во Тексас, Калифорнија, Флорида, Охајо, меѓу 100 и 200.

Загреб – Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 104 нови случаи на коронавирус, што го зголеми бројот на активни случаи на 1.112. Во болниците се 132 лица, а седум пациенти се на респиратор. Во изминатите 24 часа тестирани се 1.417 лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Париз- Од почетокот на епидемијата со Ковид-19 во Франција починаа 30.172 лица, од нив седум во последните 24 часа. Според дирекцијата за здравство 6.366 пациенти се на болничко лекување, од кои 455 се на интензивна нега. За само еден ден се регистрирани нови 998 заразени. Според дирекцијата вирусот е присутен на целата територија на земјата, од вкупно откриените 561 кластери од почетокот на епидемијата, 212 се сè уште активни, од кои 14 се откриени во последните 24 часа.

Белград – Во Србија денеска е соопштено дека, во последните 24 часа се регистрирани 412 нови случаи на заразени со коронавирус. Тестирани биле 11.079 лица. Во последните 24 часа умрени се уште девет лица.

Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција, соопшти дека се регистрирани 33 нови случаи на Ковид-19 од кои десет се по тестовите направени на влезните точки во земјата. Во изминатите 24 часа почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.110 лица, а починаа 201.

Никозија – На Кипар во изминатите 24 часа, од 1.575 тестови регистрирани се пет нови случаи, со што вкупниот број на заболени се зголеми на 1.045 лица.

Тирана – Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа од направените 477 тестови, а позитивен резултат е добиен кај 108 лица, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 4.466. Во исто време оздравеле 60 или 2.523, додека битката со опасниот вирус ја изгубиле три лица, односно досега вкупно 123.

Подгорица – Во последните 24 часа во Црна Гора е регистриран еден смртен случај и 97 новозаразени случаи на коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на потврдени смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 31, на вкупно активни случаи на Ковид-19 во моментов е 1.991.