Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.837.174 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 543.379, а оздравеле 6.799.677 лица.
– Според последните податоци, БиХ со 160 новозаразени лица е прва земја во регионот по бројот на нови случаи на Ковид-19. Во последните 24 часа во земјата починале десет лица. Официјалните податоци покажуваат дека во таа земја моментно се заразени 5.198 луѓе со коронавирус.
– Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран еден нов смртен случај и 27 позитивни лица на Ковид-19. Од новите случаи, 14 се туристи кои пристигнале во земјата. Од почетокот на епидемијата заразени од новиот коронавирус се 3.589 лица, а починаа 193.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти еден нов случај на Ковид-19 од 1.191 направен тест во изминатите 24 часа. Вкупниот број на позитивни случаи се зголеми на 1.005 лица.
– Во Хрватска во последните 24 часа се забележани 52 нови случаи на зараза со коронавирус, со што бројот на активни случаи се зголеми на вкупно 930. Според официјалните податоци нема ниту едно починато лице. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај, во земјата вкупно се потврдени 3.272 заболени лица, од кои 113 смртни случаи, а 2.229 оздравени.
– Во последните 24 часа во Србија починале уште 13 лица од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Потврдени се 299 нови случаи на зараза, вкупно досега 16.719. Од почетокот на епидемијата во Србија починале вкупно 330 луѓе, а процентот на морталитет се зголеми на 1,97 отсто.
– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 74 новозаразени со Ковид-19, починале две, додека закрепнале 42 лица. Од појавата на пандемијата, 9 март, со последните 409, направени се 29.669 тестови, позитивен резултат е добиен кај 3.038, борбата со опасниот вирус ја добиле 1.744, а ја загубило 81 лице. Активни на болеста се 1.213, при што болнички се лекуваат 81 лице, притоа девет се во тешка здравствена состојба.
– Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 66 лица заразени со Ковид-19 и вкупниот број достигна 583. Од новозаразените најголем број се во Подгорица – 39. Регистрирани се уште два смртни случаи, со што вкупниот број на починати во земјата изнесува осум.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
