Живот
3. December 2023 - 20:18

„ДМ дрогерие маркт“ со акција за пошумување на појасот кај Кокино

Втора година по ред „ДМ дрогерие маркт“ ги пошумува појасите кои настрадаа во шумски пожари. Вработени во компанијата, планинари и волонтери засадија 30.000 садници близу Кокино, појас кој настрада во 2021 година.

Проектот кој „ДМ дрогерие маркт“ го почна лани беше вреден 1 милион денари. Годинава средствата се зголемени.

-Во текот на оваа година година во овој проект донираме повеќе од милион и 300 илјади денари, вели Кристина Дуранска, маркетинг менаџер на „ДМ дрогерие маркт“

Дел од средствата се наменети и за Национални шуми.

-Во склоп на проектот исто така ни е исклучително драго што и оваа година имавме  можност да го подобриме работењето на ЈП Национални шуми на начин што обезбедивме 1.000 контејнери за одгледување на садници. Истите се набавени за потребите на Национални шуми, вели Дуранска.

Од Јавното претпријатие бараат граѓаните повеќе да се вклучат во ваквите акции, но и бараат одговорно однесување.

-Да се однесуваме одговорно при сите активности во зелените и шумските површини. Возраста на шумата е 40 години и сега ни се потребни 40 години за да се врати ликот како што бил во 2021 година, вели помошник генералната директорка во ЈП Национални шуми, Маре Басова.

Во пожарите во 2021 година изгореа речиси половина милион метри кубни дрвна маса.