-->
-->
ДКСК со иницијатива до Заев да утврди одговорност кај Анѓушев за акцизите на литиум јонски батерии
-->
Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница со четири гласа „за“ и два „против” донесе одлука за поднесување иницијатива до премиерот Зоран Заев за отворање постапка за утврдување одговорност против вицепремиерот Кочо Анѓушев, при носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум јонски батерии.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, образложи дека врз основа на добиената документација и интервјуто направено со Кочо Анѓушев, предметот може да се подели во две фази. Во првата фаза има барање од фирмата „Брако“ да се намали или укине давачката за литиумски батерии до Стопанска комора, а во втора фаза доаѓа писмо за интерес за странска инвестиција проследено до повеќе институции, што произлегува од остварена средба на Анѓушев со полската фирма „Полмод“, што би била извезувач на овие батерии.
– Лицето Кочо Анѓушев поднел известување до Влада дека се иззема од расправата за мерката во првата фаза, но ова лице нема поднесено изјава за изземање во втората фаза, каде има приватен интерес, изјави Ивановска.
На одржаната 36 седница на Влада, продолжи Ивановска, каде се разгледува одлуката Анѓушев е присутен и учествува со давање свој предлог како да се дополни за точката биде прифатена.
– Констатирам дека Анѓушев се наоѓал во судир на интереси и предлагам да се достави иницијатива до премиерот на Влада за покренување постапка бидејќи учествувал во расправа во која имал приватен интерес и не се изземал, изјави Ивановска.
Некои од членовите на ДКСК, кои гласаа против, посочија дека не се сосема убедени дека постои прикривање и злоупотреба. Според нив, Анѓушев не го прикривал и го пријавил постоењето на судир на интереси, и одговорноста за негово исклучување од седницата е на тој што ја водел расправата и службите, кои требале да го предупредат.
Во дебатата, директорката на ДКСК, нагласи дека Законот е јасен и одговорно лице треба да пријави и да се изземе кога постои судир на интереси и клучното прашање е дали имал интерес од Одлуката за намалување на царината од 15 на 0 проценти.
– Кога се работи за сопствен интерес требал да се изземе, исто како што се изземал кога предлогот одел од Стопанаката комисија, изјави Ивановска.
Владата во соопштението од 36 седница, одржана на 7.11.2017 година наведува дека:
донела одлука за укинување на царинската стапка за електрични литиум јонски акумулатори. На седницата беше појаснето дека од царинската давачка за овие акумулатори ќе бидат ослободени само производителите на машини и други производи што користат вакви батерии, но не и трговците со вакви производи, се вели во соопштението објавено од владината прес служба по одржаната седница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година