Македонија
2. February 2023 - 21:09

ДКСК иницира кривични пријави за високи функционери на власта

Влијанија, конфликт на интереси ама и фалсификувани документи – Антикорупциска, тврди дека концесијата за Технолошко индустриската развојна зона во Тетово е доделена незаконски. 

Во случајот, според информации на Сител, прсти замешале и високи државни функционери. Артан Груби, Виктор Мизо, Али Ахмети лобирале при одлучувањето за тој кој да управува со зоната во следните 100 години. 

Шемата ја разоткриле антикорупценионерите, велат концесионерот е претходно договорен, а процесот за избор бил само само фарса.

Непоткрепени судски одлуки и неосновано одложување за изобр на концесионер се само дел од неправилностите кои ги открила антикорупциска. Проверката на сите документи ја открила вистината за концесионерство на зоната во Тетово.

Предметот за ТИРЗ Тетово е испратен до владата, а како што велат од антикорупциска, очекуваат обвинителството да ги гони фалисфикаторите на документи, а дражавниот правобранител предлагаат да го раскине договорот за концесија.