ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
Без соодветно образование и немање на потребно работно искуство станал член на Комисијата во Агенцијата за електронски комуникации. Државната комисија за спречување корупција по претходна пријава констатираше дека лицето кое било избрано и именувано на оваа висока позиција од страна на Собранието не ги исполнувало дел од условите.
- Наведената диплома од факултетот за јавна администрација со стручен назив дипломиран јавен администратор не влегува во областите информатика, телекомуникации, право или економија, рече Цвета Ристовска, член на ДКСК
Поради сомневање за повреди на законот за електронски комуникации ДКСК ќе ја исвести собраниската комисија за избори и менувања.
Само еден член на Комисијата гласаше против оваа одлука со образложение дека не тие туку Управниот суд имал надлежност да постапува за вакви случаи.
- Законот не предвидува, ниту има законски механизми ДКСК да може да го поништи таквиот акт, рече Софија Медарска, член на ДКСК.
- Додека немаме конечен документ кој ќе има сила на закон мојот став е дека по сите овие предмети треба да се произнесеме како превентивно тело, кое ќе спречи именување на лица кои не ги исполнуваат условите во законот, рече Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.
Претседателката на антикоринциска потсети дека и претходно покренувала слични иницијативи за одредени избрани и именувани лица и одговорност за директори кои потоа биле разрешени.
ДКСК нема да постапува по пријавата за вработување на сестрана на министерот за култура Зоран Љутков. Во реферирањето на случајот беше наведено дека тој не можел да влијае на нејзиниот ангажман со договор на дело во Народниот музеј во Велес.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар