ДИЖС изврши увид - Комунален и земјоделски отпад и гума гореле во Кумановско
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) вчера во Кумановско извршил два увида на пожари во Агино Село и во наслебата Тоде Мендол, во кои покрај комунален, земјоделски отпад горела и отпадна гума, информираа од Инспекторатот.– Во Агино Село по укажување од страна на директорот на ДИЖС за запален комунален отпад измешан со отпадна гума, направен е заеднички увид со раководителот на општинскиот инспекторат Куманово, информираа од Инспекторатот.
![]()
Веднаш била повика противпожарна единица која интервенирала, пренесе денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, од каде наведуваат дека во Агино Село една екипа го гасела пожарот од 16:25 до 17:40 часот.
Вториот увид Инспекторатот го извршил во населбата Тоде Мендол, каде горел комунален и земјоделски отпад.
– Во населба Диво насеље Куманово, при заеднички увид ДИЖС-Општина, е затекнато физичко лице како пали комунален и земјоделски отпад. Облакот од горење го прекриваше половина од градот Куманово. Направен е записник за констатација од страна на раководителот на општинскиот инспекторат Куманово и тој ќе постапува по предметот во инспекциска постапка согласно надлежноста, се наведува во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.
Вчера, пак, граѓаните на „Октомвриска револуција“ повотрно бараа интервенција на надлежните за речиси секојдневното палење отпад на потегот по течението на реката.
Ново на Сител
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
