Дизелот поевтинува за четири денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 86,5, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 4,5 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 94 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и ќе биде 49,968 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,444 отсто, кај дизелот за 6,073 и кај екстра лесното масло за 6,495 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1199 отсто. Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Во најголем дел од бензинските пумпи во земјава дизелот се продава за три, а бензините за два денари пониско од максимално уптврдената цена од РКЕ.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
