Дизелот поевтинува за 2,5 денара, а бензините поскапуваат за два денара за литар

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денара за литар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денара за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм.
- Од 28 април од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,50 денари за литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,50 денари за литар, дизелот ќе се продава за 91,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за горење за 96,00 денари за литар, велат од РКЕ.
Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, а оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
МИА
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
