Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 82,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,087 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,352 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,27 отсто, кај дизелот има намалување за 0,509, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,359, а кај мазутот намалувањето е за 0,804 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146 отсто.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
