Дисидентот Ходорковски ги повика Русите да го сменат Путин, има и план како да го направат тоа
Рускиот олигарх, дисидентот во егзил Михаил Ходорковски, ги повика Русите кои сè уште живеат во земјата да покренат бран „саботажи” против руските државни структури, со цел да се запре војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и да се дестабилизира неговата власт.
Ходорковски, кој по десет години минати во затвор од 2003 до 2012 година сега живее во Лондон, вели дека инвазијата на Путин ја променила агендата на руската политичка опозиција и тврди дека „вооружениот отпор“ може да одигра улога во одреден момент во иднина. „Мораме да им објасниме на луѓето што можат да направат, да ги убедиме дека ни требаат да го направат тоа, а исто така да им помогнеме ако тоа ги доведе во опасна ситуација“, ја пренесува изјавата на Ходорковски лондонски „Гардијан“.
Тој вели дека потенцијалните активности треба да бидат примерени на големината на ризикот, од испишување антивоени графити на улиците до саботажа на железнички пратки поврзани со воени активности или палење воени простории.
„Но, ние сме многу јасно против терористичките методи што им штетат на невооружените луѓе“, рече тој критикувајќи го убиството на Дарија Дугина, ќерката на рускиот филозоф Александар Дугин. Ходорковски истакнува дека одлуката на Путин да започне инвазија на Украина го шокирала и ги променила неговите ставови за тоа како најдобро да се спротивстави на режимот.
Тој смета дека порано или подоцна режимот на Путин ќе падне, а се надева дека победата на Украина во војната ќе биде клучен елемент за тоа.
„Ова е кошмар, но овој кошмар не значи дека Русија и Европа се разделија засекогаш. Исклучително е важно да го задржиме здравиот разум, прагматизмот и визијата за иднината на демократска и европска Русија, вели тој.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
-
Демант од МВР на наводи од Левица
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар