Дисциплинска постапка против поранешен обвинител и две обвинителки од ОЈО ГОКК
– Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против уште две обвинителки од тоа Обвинителство.
– Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопшти денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Против ова решение на Комисијата, се наведува во соопштението, не е дозволена жалба.
Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе бидат повикани подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог.
Ново на Сител
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром