Loading Video...
Свет
30. November 2021 - 16:28

Директорот на Модерна: Постоечките вакцини ќе бидат помалку ефикасни против Омикрон

Постоечките вакцини против Ковид-19 ќе бидат многу помалку ефикасни против сојот Омикрон, предупредува Извршниот директор на фармацевтската компанија Модерна.

Стефан Бансел вели дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе делуваат против новата варијанта на коронавирусот. Она што загрижува вели Бансел е тоа што 32 од 50-те мутации во варијантата Омикрон се пронајдени на „спајк протеинот“ на кој се фокусираат постоечките вакцини за зајакнување на имунолошкиот систем против Ковид-19.

Модерна веќе соопшти дека работи на вакцина специфична за Омикрон, како и американскиот производител на лекови Фајзер.  

Повеќе информации за јужноафриканскиот сој светските научници очекуваат да имаат за три недели. Сојот откриен во Јужна Африка го има во уште најмалку 16 држави, од кои 10 се членки на ЕУ.