Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Сотировски се сретна со г.г. Стефан
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска се сретна со поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан.
Од Комисијата соопштија дека покрај срдечните честитки за изборот на Сотировски за директор, г.г. Стефан ги истакнал своите искрени желби за негова успешна работа и поддршка за сите идни заложби во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската православна црква и нејзините верници.
Сотировски, на средбата која се одржала во кабинетот на поглаварот, ја посочил заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа била истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори