-->
-->
Директорот на АМС на форум во Токио
-->

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески овие два дена е учесник на Светскиот форум за спорт и култура, кој се одржува во Токио, а чиј организатор е Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологии на Јапонија. На настанот, покрај министрите за спорт од преку 70 земји во светот, претставниците на меѓународни организации задолжени за промоција на спортот, глобални компании, признати спортски истражувачи, свое учество и обраќање ќе имаат и Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Питер Кравен, министерот за спорт на Јапонија, Хироказу Матсуно, основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, како и претседателот на Организациониот комитет за Олимписките игри Токио 2020, Јоширо Мори.
Целта на Светскиот форум за спорт и култура е промоција и размена на културните и спортските вредности, особено низ призмата на спортскиот интегритет, промоцијата на развојот и мирот преку спортот, како и достапноста на спортот за сите. Во фокусот на форумот се и спроведување на принципите од Декларацијата на УНЕСКО, усвоена на Петата меѓународна конференција одржана во Берлин 2013 година, кои водат кон нови дебати за програмите на спортот на утрешнината (Sport for tommorow), како и темите за наследството креирано од Олимпизмот и Параолимпизмот во светски рамки.
Спасески зеде учество на мултилатералната средба на министрите за спорт, а на маргините на форумот оствари билатерални средби со неколку свои колеги, како и со претставници на глобални мултинационални компании, кои имаат повеќедецениско искуство во реализација на проекти во спортот на глобално ниво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
