Директорката на детската градинка во Берово позитивна на Ковид-19
Директорката на детската градинка „23 Август“ во Берово е позитивна на Ковид-19. Како што информираат од установата, со позитивен наод на вирусот се и две учителки, и две негувателки, поради што поголема е листата на вработени и деца кои заминуваат во изолација.
-Безбедноста и на вработените и на децата во градинката е пред се поради што во изолација заминуваат три групи деца кои посетуваат градинка и 15 лица од персоналот во градинката. Меѓу потврдените позитивни, освен двете учителки и негувателки има и еден вработен во администрацијата. Сите се со добар здравствен билтен, информираат од градинката.
Посочуваат дека за среќа кај персоналот и децата кои заминаа во изолација не се забележани симптоми на вирусот, додека кај потврдените позитивни случаи само дел од заразените имаат симптоми на болеста.
Во меѓувреме, во градинката се преземаат дополнителни мерки за спречување на ширење на заразата.
-Во установата ќе бидат извршени вонредни дезинфекции на сите простории, како и други заштитни мерки согласно протоколите за заштита од вирусот, велат од градинката „23 Август“.
Во Берово заклучно со синоќешните информации за состојбата со Ковид-19 вирусот, има 105 активни случаи, а меѓу нив веќе неколку дена е и градоначалникот на општината Звонко Пекевски.
Ново на Сител
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
