Директорката на Царинската управа Кутиров на работна средба во Рим со колегите од Албанија, Италија и Црна Гора
Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров денеска оствари работна средба со директорите на Царинските управи на Албанија, Италија и Црна Гора во Рим, заедно со високи претставници на ЦЕФТА Секретаријатот и Меѓународната транспортна заедница.
Како што информираат од Царинската управа, за време на работната средба бил потпишан Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинските управи на Албанија и Црна Гора со Царинската управа на Италија, следејќи го примерот на Северна Македонија и Грција, од самитот во Солун во јули оваа година, на кој беше потпишан првиот меморандум со земја-членка на Европската Унија за воспоставување на електронска размена на податоци помеѓу двете земји.
– Кутиров истакна дека размената на податоци пред пристигнување на стоките помеѓу земјите од регионот е од големо значење како за олеснувањето на царинските процедури, за поефикасни контроли, а дополнително придонесува и за забрзување на транспортот и трговијата во регионот, се вели во соопштението.
Сите страни изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и планирање на заеднички идни активности.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници