-->
-->
Дипломатски турнир во тенис
-->

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот клуб, денеска по 22-ри пат ќе биде одржан Дипломатски турнир во тенис, што традиционално се одржува по повод државниот празник „11 Октомври“.
Оваа година, турнирот ќе биде организиран со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во чест на одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Француската Република и Република Македонија.
На турнирот ќе земат учество претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставници на меѓународните организации, како и вработените во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
