Дипломатската служба на ЕУ ќе потроши 2,9 милиони евра на луксуз
Европската надворешно-политичка служба - дипломатијата на Европска унија планира приеми во императорски стил поради што нарача луксузни сервиси од порцелан, сребро и кристал во вредност од 2,9 милиони евра, објави британскиот весник „Телеграф“.
Весникот наведува дека со сервисите ќе може да се послужат 3.360 гости во централата на Европската надворешнополитичка служба во Брисел и во 140 нејзини претставништва во светот.
На секоја од чиниите, чашите и приборите ќе има златна гравура со знамето на ЕУ.
Службата е формирана со Договорот од Лисабон во 2009 година, а со неа раководи Федерика Могерини. Службата има персонал од 3.400 луѓе, десетици воени и цивилни мисии во целиот свет и буџет од 793 милиони евра. Службата беше во центарот на преговорите за иранската нуклеарна програма. Сега се подготвува за воена операција против илегалната трговија со луѓе во Либија.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот