Димова: Нема да си поднесам оставка
Директорката на Националната агенција Лидија Димова вели дека таа не може да доделува европски пари, туку тоа се прави преку строго утврдени правила.
- Бидејќи станува збор за недоразбирање за многу пари дадени на господинот Зоран Златковски, јас морам да кажам дека направив проверка уште еднаш и дека неговите проекти се оценети од седуммина евалуатори. Сите се различни, ниту едно име не се повторува, рече Димова.
Вели дека нема да се поднесе оставка, како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
- Во врска со ВМРО-ДПМНЕ кои бараат моја оставка, морам да ги разочарам и да кажам дека оставка нема да дадам се додека не откријам како се проневерени 2,2 милиони евра, рече Димова.
Сопственикот на В.Е.З. Трејд потврди дека главната дејност на компанијата е фризерница и салон за убавина, а директорката Димова рече дека и претходно вакви компании добивале европски пари.
- Она „фризерница“ е тотална лажна вест. Фризерница не добила проекти. Фирмата В.Е.З. добила грантови. Тие грантови се изработени во соработка со Националната агенција, два проекти се успешно затворени.
Инаку, прес-конференцијата која првично требаше да се одржи во Националната агенција се одржа онлајн, а имаше и огромни технички проблеми.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
